Безживотно тело на маж пронајдено во водите на Охридското Езеро

Безживотно тело на маж било забележано попладнево во водите на Охридското Езеро во близината на Канео. Телото го видел и веднаш пријавил во полиција случаен минувач.

Случајот го потврди и портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Тој информира дека медицинска екипа утврдила смрт, а истрагата треба да ги утврфи причините кои довеле до трагедијата, како и идентитетот на починатиот.

Треба да знаете
Последни објави