Гласање на демократите во Ајова: Бутиџиџ со тесна победа пред Сндерс, Бајден дури четврти

Пит Бутиџиџ, демократот кој е поранешен градоначалник на Саут Бенд во Индијана, доби најмногу гласови во номинацијата за претседателски кандидат од членовите на Демократската партија во сојузната држава Ајова, соопштија партиски претставници.

На првото гласање за кандидат на демократите кој на претседателските избори во ноември би му се спротивставил на Доналд Трамп, Бутиџиџ извојува тесна победа над сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Бутиџиџ добил 26,2% од гласовите и Сандерс 26,1 отсто.

Сенаторката Елизабет Варен освои 18 проценти од гласовите, додека поранешниот потпретседател Џо Бајден оствари разочарувачки резултат, со 15,8 проценти од гласовите на делегатите.

На петто место е сенаторката Ејми Клобушар кој добила 12,3 проценти од гласовите.

Пребројувањето на гласовите од кокусот во Ајова, што се одржа во понеделникот, траеше долго поради технички проблеми.

Кокусите се собири на граѓани на кои отворено се изразува поддршка за некој од демократките кандидати, а беа одржани на 1.600 локации во Ајова.

Бројот на делегати од Ајова кои ќе гласаат за претседателски кандидат на последната конвенција на Демократската партија е 41, така што гласовите кои кандидатите ги добија во Ајова ќе бидат пресметани во бројот на делегати.

Треба да знаете
Последни објави