Расте бројот на заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија на кој има и македонски државјани

Уште 41 лице на крузерот во Јапонија се заболени од новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на 61. Патниците се во карантин, а тестирањето продолжува, јави „Ројтерс“.

Крузерот „Дајмонд принцес“ со околу 3.700 патници, меѓу кои и тројца македонски државјани, се наоѓа во двонеделен карантин на јапонското пристаниште Јокохама од понеделникот откако кај еден патник кој се симнал во Хонгконг бил дијагностициран вирусот.

„Половина од новите случаи се Јапонци“, изјави министерот за здравство на Јапонија, Кацунобу Канто.

Пациентите ќе бидат пренесени во болниците во Токио и околните градови.

Треба да знаете
Последни објави