Во табелата на скандали апсолутен шампион е актуелната власт предводена од биномот СДСМ – ДУИ. Скандалите не недостигаа ниту оваа недела,велат од Алијанса за Албанците.
-Прекршувајќи ги сите етички, морални и законски правила, се распишува конкурс за вработување во Општата болница во Струга и потенцијалните кандидати првично се принудени да се појават во експозитурите на ДУИ, а потоа да го полагаат тестот за знаење во просториите на Општина Струга која е предводена од оваа партија, велат од АА.
За ваквите законски прекршувања, Алијансата за Албанците јавно прашува:
– Раководството на болницата за тоа како институцијата нема соодветни услови за правилно извршување на тестот, но, уште полошо, овозможува политизација на универзалното човеково право – право на вработување;
– Градоначалникот кој исто така е шеф на огранокот на ДУИ во Струга зошто ја злоупотребува службената положба искористувајќи ја за ниски политички поени дури и во предизборниот период што нè потсетуваат на дивите режими во неодамнешното минато;
Бараме од Министерството за Здравство да го расветли овој случај и да ја извести пошироката јавност за овој невиден скандал во демократските општества.
Неколку пати сме кажале, а пак ќе повториме дека ваквата практика и штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба, велат од Алијанса за Албанците.



