Британската влада одлучи принцот да остане без големи почести поради скандалот

Британската влада ја смени праксата на подигање знамиња за кралските родендени и тие веќе нема да се истакнуваат за роденденот на принцот Ендрjу.

Промената е воведена за да се опфатат членовите на кралското семејство кои се повлекле од јавноста и повеќе не вршат кралски должности.

Принцот Ендрjу го слави 60-тиот роденден на 19 февруари.

Вториот син на кралицата Елизабета се повлече од јавноста по телевизиското интервју во кое го бранеше своето пријателство со починатиот Американец Џефри Епштајн, кој беше обвинет како сексуален предатор.

Според досегашните правила, со подигање на британското знаме се одбележуваа родендените на британската кралица и нејзиниот сопруг, денот на нивната венчавка и родендените на нивните четири деца и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Ендрју негира дека имал полов однос со 17-годишно девојче, кое му го наместил милионерот Епштајн, кој беше пронајден мртов во затвор минатиот август.

Тој беше остро критикуван од јавноста поради тоа што не објасни соодветно зошто не ги прекина врските со него кога обвинувањата дошле до јавноста и за тоа што не покажал емпатија кон наводните жртви на Епштајн.

Треба да знаете
Последни објави