Нивната населба, наречена Llano Exit Strategy, содржи четири мали куќи во близина на реката Лано, надвор од Остин, Тексас. Одржливите и еколошки куќички биле дизајнирани од архитектот Мет Гарсија, а секоја чинела 40 000 долари. Тие имаат наведнати покриви со буриња за вода односно дождовница, особено изолирани прозорци и рефлектирачки sидови дизајнирани да ја штитат куќата подалеку од големите летни горештини.
Ентериерите се изработени од шперплоча, што ги намалува трошоците и им дава на домовите топло и пространа чувство. Секоја куќа има соба со брачен кревет и кауч, бања и тераса.
„Тука ни е како во филм на Дизни, гледаме различни животни и колку почесто сме тука, толку повеќе ги откриваме“, за „Боред панда“ изјави Џоди Зип, еден од жителите.
Двојките поминуваат што е можно повеќе време во своите новоизградени домови, каде што планираат да уживаат во пензијата и заедно да остарат. Бидејќи двојкиите сè уште не го поминуваат целото време таму, можно е да изнајмување на куќичките преку „Ербнб“.