Го осудуваме говорот на омраза и антисемитизмот за кои постои одговорност пред законите

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов го осуди говорот на омраза од новинарот Бранко Тричковски за министерката Рашела Мизрахи.

-Како одговорна политичка опција во државата, СДСМ најостро го осудува ширењето на говор на омраза, го осудува антисемитизмот. Би сакал да кажам дека човекот нема никаква поврзаност со СДСМ и ја користам оваа прилика да апелирам до надлежните институции да го отворат случајот и да го истражат и да има соодветна одговорност согласно законите на Република Северна Македонија. Нашата држава е демократска земја, нашето општество е демократско и секако такви испади се недозволиви, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави