Лидерите на ЕУ не би имале успешен Самит во мај, ако претхдно не успеат да донесат позитивна одлука за процесот на проширување, но и за методологијата за пристапните преговори, вели во денешното гостување во емисијата „360 Степени“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
-Мојата задача е со предизвик, бидеќи имам две јавности: едната е македонската, другата е европската. Треба да давам аргументи и да градам притисок ЕУ да го исполни тоа што ни го вети. После овие искуства логично е да дуваме и на јогурт. Треба дома да сработиме, пред се законот за обвинителство и да ги редиме коцките како што треба. Нема да има успешен Самит во мај, ако нема пробив во март. Пред нас се редат елементите кои водат кон тој двоен успех, вели Димитров.