И иако сега е преженет, Румер, Скаут и Талула сè уште се дел од неговиот живот.
Ештон, кој неделава гостуваше во ТВ-емисија со Марк Марун (WTF With Marc Maron), рече: Талула имаше осум или девет, таа беше најмала. Румер имаше 12 или 13 кога почнав да излегувам со Деми.
„Кога се разведувавме, Талула заврши средно училиште. Јас помагав во процесот на растење – од девојчиња во тинејџерки. Ги сакам. Никогаш нема да престанам да ги сакам и да ги почитувам. Им посакувам да бидат успешни,“ вели поранешниот очув.
Ештон го пофали и нивниот татко, Брус Вилис, и рече дека многу го почитува.
„Сепак, не сум нивни татко. Никогаш не се обидував да бидам нивниот татко. Отсекогаш имав почит кон Брус и мислам дека тој е сјајно човечко суштество и прекрасен човек.“
Сега, Ештон е татко на две деца кои ги има со сопругата Мила Кунис. Ештон и Мила се горди родители на петгодишната Вајат и тригодишниот Димитри.