Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека не е невозможно да се постигне договор со Србија оваа година, велејќи дека таксите ќе бидат укинати што е можно поскоро, но со реципроцитет кон Србија, додавајќи дека тој лично e подготвен за дијалог во овој момент.
Сепак, Курти порача дека нема да брза кон епилог на дијалогот и дека не очекува суштински дијалог или брзи резултати кога Србија е на прагот на парламентарни избори.
Зборувајќи за можноста за финализирање на преговорите во текот на годинава и за историскиот договор меѓу Косово и Србија, Курти за „Гласот на Америка“ рекол дека тоа е изводлива цел, додавајќи дека сепак не зависи само од него и тој не може да го предвиди конечниот исход.
Курти вели дека во моментов може само да изрази подготвеност за дијалог и верува дека преговорите не треба да се поткопаат со ставањето на договорот пред самиот дијалог.
Тој смета дека улогата на ЕУ не е намалена со тоа што САД назначиле специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина, затоа што, како што наведува, ЕУ го поставила постигнувањето на комплетен договор како услов за Косово и Србија да го продолжат својот пат кон интеграциите.
Курти исто така рече дека даноците на стоките од централна Србија ќе бидат укинати што е можно поскоро, но не и без реципроцитет од Србија.