Македонски државјанин на возраст од 48 години загинал утрово во сообраќајна несреќа во Костиљоле вопровинцијата Асти, јавуваат италијанските медиуми.
Нашинецот, кој живеел во Санто Стефано Белбо, со својот автомобил „фиат стило“ утрото одел на работа во Канале. Во еден момент излетал од патот и удрил во ѕидот од дворот на куќа покрај патот.
Според првичните информации, на местото немало траги од сопирање, па „фиатот“ најверојатно не се движел со голема брзина, односно на возачот му се слошило поради што изгубил контрола врз возилото. Автомобилот удрил во ѕидот, но Македонецот немал видливи повреди по телото. Неговото тело било надвор од „фиатот“ па се претпотавува дека излегол од возилото и починал.
Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата и причинта за смртта.