Макрон: Франција сака дијалог за нуклеарната политика

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција сака да започне стратешки дијалог со своите европски партнери во врска со улогата на француската нуклеарна политика во областа на европската безбедност.

Макрон, обраќајќи се во париската Воена школа, рече дека европските нации што го сакаат тоа можат да бидат поврзани со француските нуклеарни тестови.

Тој исто така потврди дека Брегзит нема да смени ништо во врска со француската нуклеарна соработка со Британија.

Треба да знаете
Последни објави