Николовски: По изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе функционален систем на владеење на правото

 

Во рамки на работната посета на Вашингтон САД потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари  работни средби со Шери Брајан, потпретседател на Националниот Демократски Институт (NDI) и оствари средба со Лук Кофи директор за меѓународни политики на Херитиџ Фондацијата.

Николоски на средбата со Шери Брајан од Националниот Демократски Институт се осврна на соработката која ВМРО-ДПМНЕ и НДИ ја имаат изминатиов период. Преку локалната канцеларија на НДИ во Македонија се одржаа неколку обуки на партиски функционери и постојано се разменуваат искуства и знаење. Николоски ја презентираше и предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, како и пиларите врз кои се основа новата изборна програма. ВМРО-ДПМНЕ  својата програма ќе ја темели врз зајакнување на економијата и владеење на правото. Силна економија и борба со криминалот и корупцијата ќе бидат приоритет на новата Влада предводена од ВМРОД-ДПМНЕ. Заклучено беше дека двете страни ќе продолжат да имаат блиска соработка и после победата на парламентарните избори во април.

Покрај средбата со потпретседателот на НДИ имаше и средба со Лук Кофи, директорот за меѓународни политики на фондацијата Херитиџ. На средбата се дискутираше за актуелната политичка состојба и прогресот во евроатлантските интеграции. Николоски потенцираше дека слабата реализација на реформи, криминалот и корупцијата ја кочат Република Македонија во патот кон ЕУ. Николоски го информираше соговорникот за планот на ВМРО-ДПМНЕ после промената на власта да ги реализираат сите клучни реформи и планот за одлучна и силна борба со криминалот и корупцијата со што Македонија 2020 година нема да биде загубена година за граѓаните и патот кон евроинтеграциите.

Николоски и Кофи се согласија дека владеењето на правото е од огромно значење за граѓаните на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави