Комеморацијата и погребот на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица кои ги загубија животите во хеликоптерската несреќа на 26 јануари се закажани на 24 февруари во Лос Анџелес.
Како што пренесува „Си-Ен-Ен”, повикувајќи се на извори блиски на семејството на Брајант, комеморацијата ќе се одржи во „Стејплс Центар” во кој кошаркарската ѕвезда цели две децении играше во дресот на „езерџиите”.
Истите извори појаснуваат дека и датумот е симболично одбран – 24, број што Брајант го носеше на дресот во вториот дел од кариерата додека Џиана играше со број 2 во „Мамба Академијата” во која како тренер ја водеше нејзиниот татко.