Денес во судот ново рочиште за „Рекет“. Ќе се продолжи со изведување на материјални докази. Вчера беше презентирана комуникација помеѓу Бојан Јовановски со Катица Јанева, Панделевски, Камчев и со Ременски. Се презентираа и сметките од шопингот во Милан на кој потрошил 148.000 евра. Адвокатите на Боки, но и самиот тој доставија документација дека боледува од рак на желудник и оти треба да оди на операција но засега нема одлука тој да биде хоспитализиран.