Американската актерка Сузан Сарандон минатата година наполни 73 години, но поради годините, таа не ја запостави актерската кариера за која тврди дека ја сака.
Дека годините се бројка, особено е очигледно на фотографиите од последниот филмски проект во кој глуми – The Jesus Rolls. Сузан снимила секси сцени со двајца колеги, Боби Канавел (49) и Џон Туртуро (62), пишува „Дејли мејл“, кој ги поседува контроверзните фотографии.
Во филмот таа разменува бакнежи и нежност во кревет со колегите, а подоцна голи заедно спијат во него.
Пред две години актерката се пожали дека порнофилмовите биле насилни и неинтересни.
„Сè е приспособено на машкото видување и јас сакам да снимам како изгледа реалниот секс“, објасни таа.
Сарандон планира да се посвети на порнофилмовите кога ќе наполни 80 години и тврди дека сите моќни жени мора да се поддржуваат едни со други.