Ума Турман, Шерон Стоун и Мишел Родригез на свечен настан во Беверли Хилс

Ума Турман, Шерон Стоун и Мишел Родригез заблескаа во својот моден избор на свеченоста „Гала за светските океани“ (Global Ocean Gala) што се одржа во Беверли Хилс во четвртокот навечер.

Водечките дами беа стилски беспрекорни додека помагаа во оддавање почест на принцот Алберт Втори од Монако за неговата посветеност кон зачувувањето на планетата и океаните.

Турман (49), ѕвездата од „Убиј го Бил“ и „Евтини проказни“ изгледа сензационално во црн фустан со долги ракави.

Поранешната манекенка својата руса коса ја подигна во елегантна пунџа, а изгледот го дополни со дијамантски обетки, малку руменило за образи и црвен кармин за усни.

Стоун (61) ги привлече погледите на себе во костим во металик-зелени и црни пруги.

А под сакото, Стоун носеше само црн градник.

Сирената од “Основен инстинкт“ имаше лежерна пунџа фризура, големи обетки во форма на круг и очила со црни рамки.

Стоун позираше за фотографии на црвениот тепих со принцот Алберт, чија мајка беше холивудската актерка Грејс Кели.

Родригез (41), ѕвездата од “Брзи и бесни“, се определи за сребрен металик-фустан без рамења и со набрано здолниште.

 

Треба да знаете
Последни објави