Унгарската полиција денеска ја отвори границата со Србија откако претходно ја затвори поради протестите на мигрантите кои сакаат да влезат на територија на оваа држава. Во полициското соопштение се наведува дека преминот Томпа е повторно отворен. Полицијата претходно привремено го затвори граничниот премин за да го пресече патот на група мигранти во обид да ја минат границата. Според агенциите имало околу 200 мигранти меѓу нив и деца, кои се обидувале да влезат во Унгарија и потоа да го продолжат патот кон Западна Европа.
Унгарија претходно соопшти дека од декември се зголемил бројот на обидите за илегално преминување на границата. Земјата во 2015 година подигна ограда на границата која на делови е и електрифицирана, поради што илегалните преминувања станаа поопасни.