Унгарската влада го оповика почесниот конзул Јанакиевски, газда на фирмата „Еко Клуб“

Унгарската влада го оповика почесниот конзул Сашо Јанакиевски, газда на фирмата „Еко Клуб“- пишува СДК.  За таа фирма скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“.

Од Министерството за надворешни работи за СДК потврдиле дека вчера добиле нота од унгарското МНР дека го отповикуваат почесниот конзул во Битола, назначен во септември 2012 година, а отповикувањето, според нотата, стапува во сила веднаш. Нотата била без куса, без образложение. Според процедурата, одлуката на унарското МНР треба да ја констатира Владата.

„Еко клуб“ го доби тендерот за одржување на хигиената во кругот на Клиничкиот центар во Скопје во јануари 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави