Соодветно го третираме медицински отпад, а видеоснимката која ја презентираше градоначалникот Петре Шилегов не е веродостојна, взјави за СДК.мк, Сашо Јанакиевски, кој од јули 2019 година е малцински сопственик на фирмата „Еко клуб“.
Тој вели дека никогаш несоодветно медицински отпад не се носел на „Дрисла“, туку секогаш го третирале во стерилизаторот и така неопасен го носеле како комунален отпад на депонијата.
На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК како видеото не е веродостојно кога на него се гледа крвав медицински отпад во камиони и како кучиња го развлекуваат, Јанакиевски вели дека тоа е погон каде се преработува отпадот.



