Вајола Дејвис ќе ја глуми Мишел Обама во ТВ-серија

Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја игра поранешната американска прва дама Мишел Обама во нова ТВ-серија на американската кабелска мрежа Showtime, беше објавено во средата.

First Ladies („Први дами“) ќе се фокусира на сопругите на американските претседатели и нивниот живот во Белата куќа, а медиумите велат дека во серијата ќе бидат прикажани и Елеонора Рузвелт и Бети Форд.

„Сопругите на претседателите имаат значително влијание, не само врз водачите на нацијата, туку и на самата земја“, рече Јана Вајногред, претставник на кабелската и сателитска мрежа „Шоутајм“.

Дејвис (54) досега три пати е номинирана за Оскар, а во 2017 година таа конечно ја освои престижната награда за најдобра споредна улога во Fences.

Актерката освои „Еми“ во 2015 година за улогата во How to Get Away With Murder, во шестата и последна сезона што ќе се емитува оваа година.

Дејвис исто така ќе биде извршен продуцент на „Првите дами“, велат од Шоутајм.

Мишел Обама (56) минатиот месец освои Греми награда за нејзината автобиографија Becoming („Моја ориказна“). Таа доби награда  за најдобар говорен албум -или албум со раскажување – за аудиоверзијата на книгата, која излезе пред две години и бргу стана бестселер. Книгата е преведен на 30 јазици.

Автобиографската книга открива дека поранешната прва дама го осудува претседателот Доналд Трамп дека се сомнева во државјанството на нејзиниот сопруг и ја промовира идејата дека е роден во странство.

Треба да знаете
Последни објави