Новиот косовски премиер Албин Курти на 11 февруари ќе допатува во офцијална посета на Албанија,јави тиранската телевизија Ора њуз. Ова всушнст е негова прва посета на друга земја по изборот на новата косовска Влада,во чии рамки планирани се средби со албанскиот државен врв.
По изборот на Владата, Курти,како и претседателката на Парламентот Вјоса Османи, изјавија дека нивните први посети по изборот на функциите ќе биде Албанија.
Официјална Тира поздравувајќи го договорт за формрање Влада на Косово посака успешно управување и поголема меѓусебна корисна соработка во интерес на Албанците од двете страни на границата
-Посакувам да имаме што е можно поголема корисна соработка за Албанците од двете страни на границата и со нетрпение очекувам да организирам одржување средба со прашањата за слободно движење на граѓаните и деловните активности на нашата граница,порача премиерот Еди Рама,кој беше во лоши односи со претходниот косовски премиер Рамуш Харадинај.
Овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај,кој по потекло е од Косово оцени дека во „многуте предизвици што се пред нас, засилената соработка меѓу Косово и Албанија е неопходна”.
-Со нетрпение очекуваме да започнеме со значајни разговори со новата косовска влада за спроведување заедничка програма во корист на двете држави, порача Цакај.
За шефот на албанската држава, Илир Мета, стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и регионот.