Јанакиевски: Видеото што го објави Шилегов не е веродостојно

Соодветно го третираме медицински отпад, а видеоснимката која ја презентираше градоначалникот Петре Шилегов не е веродостојна, взјави за СДК.мк, Сашо Јанакиевски, кој од јули 2019 година е малцински сопственик на фирмата „Еко клуб“.

Тој вели дека никогаш несоодветно медицински отпад не се носел на „Дрисла“, туку секогаш го третирале во стерилизаторот и така неопасен го носеле како комунален отпад на депонијата.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК како видеото не е веродостојно кога на него се гледа крвав медицински отпад во камиони и како кучиња го развлекуваат, Јанакиевски вели дека тоа е погон каде се преработува отпадот.

Снимката е направена во 23 часот кога погонот не работи, тој камион што е снимен не е точно дека се движел по улици, медицинскиот отпад не се пренесува така туку складиран во контејнери. Кучиња има и на ’Дрисла‘ кои го развлекуваат ѓубрето. Ние имаме 24 часовен надзор во погонот и снимките како работиме може секоја надлежна институција да ги добие, вели Јанакиески.

Треба да знаете
Последни објави