ВМРО ДПМНЕ за 11 години од што крадеа ништо не направија, сега им смета секој проект

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО ДПМНЕ

Имаше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години да направи канализација во Арачиново и на многу други места, ама поважно му беше на шефот на Мицкоски, Никола Груевски, да краде.

11 години ВМРО-ДПМНЕ и режимската власт на Никола Груевски мислеа на шемите со оф шор компаниите на Белизе а не направија ниту еден метар канализација, ниту една водоводна мрежа, ниту пат, ништо.

Затоа Мицкоски до денеска го брани криминалот на Никола Груевски и дејствува против НАТО и против ЕУ, се надева на враќање назад.

Нема враќање назад.

СДСМ поставува цели канализациони мрежи со инвестиции изразени во милиони евра, кога во секое рурално подрачје реализираме инфраструктурни проекти. За само 2,5 години изградени се над 400 километри водоводи и канализација ширум земјава.

Граѓаните добро знаат дека СДСМ за две и пол години направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 и тоа не може да го демантира ниту една лажна вест од нивниот Центар за лаги.

Затоа после 12 април заедно со граѓаните ќе продолжиме да ја градиме иднината на нашата земја, во секое населено место, во секое село, во секој град.

Треба да знаете
Последни објави