(Видео) Осуммина загинати и 40 повредени во судири во јужен Казахстан

Осум лица загинаа, а 40 лица се повредени во серијата пресметки и судири во неколку села во јужната казахстанска провинција Жамбил.

Во првичниот судир во селото Масанчи, во непосредна близина на границата меѓу Казахстан и Киргистан, учествувале околу 70 лица, по што од другите села дошле уште 300 лица, пренесоа британските медиуми.

Во судирите интервенирала и полицијата, при што биле повредени и двајца полицајци.Запалени се неколку куќи и автомобили, а полицијата уапсила 47 лица.

Треба да знаете
Последни објави