Каевски: Со идеите на младите креираме и реализираме мерки за зголемување на младинскиот стандард

СДСМ е отворена партија, која своите идеи ги добива од младите, а тоа е единствениот начин да се креираат вистински политики, за добробит на младите, за зголемување, подобрување, унапредување на младинскиот стандард, бидејќи ние сакаме буквално да бидеме партнери со младите , истакна претседателот на СДММ Дарко Каевски на Трибината „Млади 20-24″ на тема претприемништво, што се одржа во Тетово.

Каевски на трибината се осврна на најголемите предизвици со кои се соочуваат младите при отворање сопствен бизнис. Младите претходно преку анкета ги истакнаа проблемите со кои се среќаваат при реализација на своите бизнис идеи и започнување свој бизнис, а како главна пречка го истакнаа немањето доволно средства.

Каевски нагласи дека преку програмата за самовработување и претприемништво на АВРМ секое невработено младо лице до 29 години може да добие неповратни средства од 5.000 до 10.000 евра и да основа свој бизнис, а во 2020 година се очекува преку оваа мерка да се поддржат рекордни 1.364 микро бизниси, за кои се наменети 447 милиони денари.

 

Прогрмата за самовработување обезбедува обука за претприемништвото и водење бизнис, помош при изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисот, рече Каевски.

Дополнително , истакна Каевски средства можат да обезбедат преку инструментот на ФИТР развој на „старт-ап” и „спин-оф” претпријатија, кој обезбедува финансиска поддршка од 85% од вредноста на проектот, до максимален износ од 30.000,00 евра, што е сериозен исчекор за самовработување, сопствен бизнис и развој на претприемачки дух.

Во врска со проблемите со поддршката за реализација на нивните бизнис идеи и инцијативи, Каевски, во обраќањето пред младите во Тетово истакна дека прогрмата за самовработување обезбедува обука за претприемништвото и водење бизнис, помош при изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисот.

Претседателот на локалниот клуб на млади на СДММ од Тетово Бобан Милосавлевски, како успешен млад претприемач ги сподели своите искуства за претприемништвото.

Охрабрете се, сите што имате добра идеја, размислете, комуницирајте наше е да бараме, а условите се обезбедени во АСВРМ, ФИТР, истакна Милосавлевски, додавајќи дека клуч за успехот е добрата почетна идеја.

Тој изрази уверување дека квалитетот ќе биде препознаен, и ги повика младите во време на достапност на светските трендови и социјалните мрежи да не заминуваат од земјата, туку да го извезуваат својот интелект.

Младата Марија Костовска од Тетово, истака дека тука има добри шанси за бизнис, но младите треба да се охрабрат и преземат иницијатива.

Младите, а особено младите од Тетово имаат посебна иновативност и автентичност, затоа треба да се информираат за можностите за помош и поддршка, истакна Костовска.

Трибината Млади 20-24, што се одржа во Тетово имаше и хуманитарен карактер, а средствата собрани со јавно наддавање на слики се наменети за поддршка на загрозено семејство.

Треба да знаете
Последни објави