Како изгледа Скопје од 38-от кат од Џевахир Скај Сити

Комплексот од четирите највисоки згради во земјава – Џевахир Скај Сити, денеска организираше „Отворен ден“ па сите заинтересирани можеа да ги искусат придобивките кои животот во овој вид голем станбен комплекс ги нуди, како што се удобност, безбедност и организација, и да видат зошто животот во Скај Сити е толку посебен.

 

Посетителите имаа ексклузивна можност да видат неколку опремени станови на 38-ти кат во кулата А, кои пружаат неверојатен поглед на Скопје, како и сопствениот систем за греење и ладење, заштитата од пожари и постојаната контрола на влезот, модерните и високо ефикасни лифтови, како и целосно функционалниот простор за живеење, поврзан со сите удобности – базен, теретана, гаража и трговски центар кој е во изградба.

 

 

Треба да знаете
Последни објави