Лавров: Неприфатливи се американските санкции кон Венецуела

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров како неприприфатливи ги осуди американските санкции кон Венецуела, во момент кога САД го засилуваат притисокот врз оваа јужноамериканска држава.

Лавров во Каракас допатува вчера, во знак на поддршка на претседателот Николас Мадуро, само неколку часа откако американскиот Стејт департмент најави дека санкциите можат да ги погодат и руските компании, кои како помош на Венецуела, купуваат големи количества нејзина нафта, пренесоа британските медиуми.

Британските медиуми наведуваат дека помошта на Русија може да биде одлучувачка да му помогне на Мадуро да го зголеми производството на нафта и да го засили економскиот раст во земјата, до што изненадувачки дојде минатата година по години на хиперинфлација и егзодус на пет милиони лица од земјата.

-Сметаме дека санкциите се неприфатливи. Недозволиво е тоа што едностраните акции на САД ги погодуваат социјалните и хуманитарните проекти, рече Лавров по средбата со шефот на дипломатијата Хорхе Ареака и други венецуелски функционери.

Тој ги поддржа владините напори со дијалог да се реши кризата, како алтернатива на „бунтот и интервенциите”.

Треба да знаете
Последни објави