„Посебниот” има нова фризура: Мурињо на „нула”

Жозе Мурињо низ годините ги навикна фудбалските фанови на изненадувања, но при секое ново му успева да предизвика шок во јавноста.
Менаџерот на Тотенхем овојпат изненади со новата фризура. „Посебниот” и во минатото знаел да се потшиша кратко, меѓутоа не дотолку како сега.
Негова фотографија со берберот, кој имаше чест „да работи на главата” на Португалецот, го обиколи светот преку социјалните мрежи и предизвика бројни шеговити коментари од многумина на сметка на трофејниот тренер.
Еден од нив на „Твитер” го промени неговиот прекар од „посебниот” во „избричениот”.
Треба да знаете
Последни објави