Ставовите на НДП за последните случувања во политичкиот опозициски албански блок

 На последниот состанок на форумот на Централното Претседателство на Национална Демократска Преродба со една точка на дневниот ред, дискусија за политичките случувања пред предвремени парламентарни избори, каде што високото претседателство на овој форум донесе значајни одлуки који се патоказ не само за НДП, туку за целата политичка албанска сцена во општо.

Национална Демократска Преродба, од моментот кога го смени концептот на својето политичко дејствување, предводена од актуелниот претседател Весел Мемеди, ги донесе приоритетите за нејзиното политочко дејствување:

–          Поддршка за демократските процеси, кои ги реализираат државните и националните аспирации на територијата на Северна Македонија.

–          Демократска борба против незаконското владеење, злоупотребите на јавните пари и човечкиот потенцијал, за тесни партиски, клански и семејни интереси.

–          Демократска борба против злоупотреба на нацијата, религијата и државата, за сиромашни и криминални интереси.

–          Демократска борба за фунскионираање на правната држава, борба против организираниот криминал и сивата економија.

–          Демократска борба за подготовка на државата за да стане дел од НАТО и Европската Унија.

Имајќи во предвид дека политичките партиски организации се од три типа: Популистички, кои за цел го имаат политичкиот успех а не политичката идеологија; Идеолошки партии, кои ги засноваат своите активности на пишани и наведени идеолошки принципи, како и; Политички партии, со специјални интереси, кои се организираат само околу групен интерес, кои само организаторите имаат информации околу овие интереси, а пред јавноста се камуфлираат како општи интереси на општеството. Национална Демократска Преродба, од почетокот на ово раководство, беше решена да соработува и да коалиционира со сите групации и политички партии кои се идеолошки блиски со НДП, дури и со најголемите популистички партии, кои гарантираат простор во себе, за реализација на нашите индеолошки партиски цели.

Во 2015 година, Национална Демократска Преродба, заедно со тогашните политички партии, ДР-ДПА, се согласија во сите горенаведени пет точки, и форимираа прва коалиција Алијанса за Албанците, на која подоцно и се приклучи и партијата Унитети, со единствена цел, формирање на вистинска опозиција за албанците во Македонија, кои се чуствуваа уморни и разочарани од ДУИ, поради нејзината долговечност во позиција, и лошото менаџирање со власта. За жал, во тоа време се појави и нова партија, Движењето Беса, која од страна на еден голем број на албански граѓани се дочека со големи сомнежи и скептицизам, но беше топло пречекана од еден мал број на албански електорат, поради големата пропаганда и големите неконтролирани финансии, кои резултираа со купување на две телевизии и многу други сомнителни активности.

Национална Демократска Преродба, имајќи во предвид дека оваа Движење и припаѓа на третиот тип од политичките партии, каде што целта на оваа Движење се знаеше само од блиското раководството, а пред јавноста се камуфлираше со национален и верски интерес, реши да не прифати соработка и коалиција со цел спојување на сите помали политички партии, и поради тоа НДП се соочи со една нееднаква борба, каде на крај НДП и нејзиниот претседателот Весел Мемеди излегоа победници.

За жал, нашиот коалиционен партнер ДР-ДПА, на чело со Зиадин Села, не и се спротистави до крај на ова борба против ова Движење, и преку ноќ ја изневери НДП и Унитети, и во локалните избори и се приклучи на оваа Движење, за која самиот Зиадин Села, имаше изјавено во многу регионални и национални медиуми, дека ова Движење се финансира од надвор, и дека луѓето која ја предводаат ова Движење се сомнителни луѓе. За жал, мора да се признае дека истите игри се повторуваат и сега, кога се наоѓаме пред предвремени парламентарни избори. Јавноста треба да биде информирана, за да биде внимателна да не падне на овие исти игри, само со промена на улогите на политичките актери, по расколот што се случи во Движењето Беса. Несомнено е дека сега на чело на оваа игра е претседателот на ДР-ДПА Зиадин Села во име на Алијансата за Албанците, и Алтернатива која произлезе од Движењето Беса.

Имајќи во предвид сите овие нејаснотии кои се случија во тоа време во албанскиот опозициски политички блог, но сега се повторува пак пред парламентарните избори, албанскиот народ го потсетуваме дека НДП беше доста конзистентна во политичкиот пат, и времето беше сведок дека бевме во право, и оваа најдобро се докажа после расколот во Движењето Беса, каде самиот лидер на Движењето Билал Касами, во некоји јавни изјави ги потврди нашите сомневања за тогашното групирање на тоа Движење, а денес подетално со факти ги потвдрди и најстариот лидер на една опозициска партија г. Мендух Тачи, на кого јавно му се заблагодаруваме што зеде храброст и ги изјави неговите и партиските убедувања за достоиственото политичко делување на НДП и нејзиниот лидер Весел Мемеди.

Како заклучок на горенаведеното, Централното Претседателство на НДП, го изразува својот пратиски став, дека сме ЗА формирање и создавање на чесен опозициски блок, со заедничка платформа која ќе ја изготват заднички претставниците на сите опозициски политички партии, со единствена цел ротирање на власта во корист на граѓаните.

Национална Демократска Преродба, двопартиската коалиција меѓу Алтернатива и ДР-ДПА, не ја признава како реална опозиција, околу која треба да се обединат сите опозициски партии, бидејќи ова е само уште една игра од многуте предходни игри, за да и се наметнат на албанците како обединета опозиција. Централното Раководство на НДП има јасен став дека нема да прифати спојување во ниедна друга партија, и дека ако нема можност за формирање на еден чесен и достојен опозициски политички блок, тогаш НДП е подготвена да не учествива на овие предвремени парламентарни избори. Ако албанците навистина сакаат вистинска опозиција во Северна Македонија, тогаш овој опозициски блок во ниеден случај не може да ја заобиколи ДПА како најстара албанска партија, реформираното Движење Беса, како и Национална Демократска Преродба.

Треба да знаете
Последни објави