Федерер: Надал кажа дека плачеше од радост кога го освоив „Ролан Гарос” во 2009 година

Третиот светски рекет, Роџер Федерер, по добротворниот натпревар во Јужна Африка, во кој го победи Рафаел Надал, зборуваше за неговата врска со Шпанецот.

-Можеме да бидеме пријатели и ривали. Денес тој ми рече дека плачел кога ја освоив „Ролан Гарос” во 2009 година. Тој бил толку среќен за мене, изјави Федерер.

Швајцарецот додаде дека Надал игра и го популаризира тенисот извонредно.

-Има голем придонес за популаризација на овој спорт. Надал има многу обожаватели и ја заслужува оваа слава, потенцира Федерер.

Треба да знаете
Последни објави