Федерер не сака за замине во пензија иако наскоро ќе наполни 39 години

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер сè уште не планира да замине во пензија, иако наскоро ќе наполни 39 години.Тој претходно зборуваше на оваа тема во неколку наврати, велејќи дека не е сигурен што ќе се случи, но овој пат рече дека дефинитивно не планира да го напушти тенисот во скоро време.

„Нема нови вести за повлекување или какви било планови да престанам да играм. Семејството е здраво, и мојата сопруга е ок, јас се чувствувам добро и затоа мислам дека сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво, како што направив во Австралија“, рече Роџер.

Тој истакна дека е среќен што уште може да игра тенис.

„Среќен сум што сум сè уште на теренот. Никогаш не се знае, но јас немам никакви планови за пензија и заминување во моментов. Задоволен сум што сезоната започна добро“, вели тој.

Федерер загуби од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на овогодинешниот Австралија опен.

Треба да знаете
Последни објави