Затвореник од Албанија, осуден на доживотна казна затвор изутрината избега од Казнено поправниот дом во Идризово- објави Сител.
Според одговорното лице во затворот, осудениот А.Д. бил во својата ќелија при проверката на 07.02.2020г. во 19,00ч. а на 08.02.2020г. во 07,00ч. забележале дека избегал.
Бегството е извршено со сечење на заштитна решетка од келијата која се наоѓала на третиот кат.