Во Република Ирска денеска се оддржуваат парламентарни избори

Во Република Ирска утринава беа отворени избирачките места на парламентарните избори, а за првпат општите избори се организираат во сабота.

Ќе се избираат 160 претставници на Долниот дом на парламентот, кои потоа ќе го изберат претседателот на Собранието.

Избирачките места ќе бидат отворени до 22 часот, јави Би-Би-Си.

За владата да го постигне потребното мнозинство на поддршка, потребни и се 80 пратеници.

Со оглед на фактот дека е малку веројатно една партија да го освои овој потребен квантум на мандати, најверојатна е уште една коалициска влада.

Треба да знаете
Последни објави