Ердоган му го врачи на Ларкин дресот на турската репрезентација

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на свеченото отворање на стадион „Бурхан Фелек” во Истанбул му го предаде на Шејн Ларкин дресот со националниот грб.

Американецот Ларкин кој е кошаркар на Анадол Ефес од Истанбул, се согласи да настапува за Турција.

На 1 февруари Ларкин објави дека официјално добил турско државјанство и со тоа ги исполнил условите да игра за турската репрезентација.

На денешната церемонија присуствуваа претседателот на Кошаркарската федерација на Турција, Хидо Туркоглу и селекторот на националниот тим Ергин Атаман.

Треба да знаете
Последни објави