Либиската крајбрежна стража годинава спаси над 1000 мигранти

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека либиската крајбрежна стража спасила повеќе од 1.000 илегални мигранти оваа година.

Заклучно со 6 февруари, 1.040 мигранти и бегалци се регистрирани како спасени или пресретнати од страна на либиската крајбрежна стража, што претставува зголемување од 121 процент во однос на истиот период минатата година, соопшти УНХЦР.

Агенцијата на ОН, исто така, побара повеќе од 85 милиони американски долари за своите хуманитарни операции за помош на бегалците, барателите на азил и внатрешно раселените лица во Либија.

Поради несигурноста и хаосот по востанието во 2011 година, во кое беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, Либија стана појдовна точка за заминувањето на многу илегални имигранти кои се обидоа да го преминат Медитеранот кон европските брегови.

Треба да знаете
Последни објави