Роналдо испиша историја, но Јуве на колена во Верона

Верона приреди големо изненадување откако се врати од гол негатива и славеше со 2-1 над Јувентус, Кристијано Роналдо испиша историја откако ја продолжи гол серијата на 10 натпревари.

Верона под водство на хрватскиот стртег Иван Јуриќ игра во одлична форма, „жолто-сините“ два месеци немаат пораз, во претходните седум дена одигра нерешено на гостувањата кај Милан и Лацио, а вечерва го фрлија на колена шампионот Јувентус и го совлада со 2-1.

Во првото полувреме, Верона постигна гол кој беше поништен поради минимален офсајд, или поточно дефанзивецот Кумбула со рамото беше неколку сантиментри во недосзволена ситуација.

На спротивната страна, Даглас Коста ја стресе пречката а и Кристијано Роналдо ја погоди рамката од голот, но и покрај овие возбудувања на пауза се замина со 0-0.

Резултатот беше отворен во 65. минута, Роналдо проигра двојно со Бентaнкур, се најде осамен пред голманот и прецизно биеше за водство од 0-1 и испишување на историја. ЦР7 стана првиот играч на Јувентус кој постигнал гол на десет првенствени натпревари во низа.

Веројатно многумина тука помислија дека „старата дама“ ќе си замине со три бода од Бентегоди, но играчите на Верона не се предадоа и во 76. минута стигнаа до 1-1. Бентанкур сакаше атрактивно да рачисти со пета, Пјаниќ во обид да ја поправи ситуација погреши и практично му асистираше на Борини, кој реализираше за изедначување.

https://youtu.be/QNUrMV_YyyI

Десет минути подоцна, ВАР се огласи и беше досуден пенал за Верона поради играње со рака на Бонучи. Пацини ја превзеде одговорноста и прецизно ја изведе најстрогата казна за 2-1.

Јувентус во финишот се обиде да се спаси, но избраниците на Сари не успеаја да стигнат до втор гол и мораа да се помират со третиот пораз во Серија А оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави