Близу 8.000 работници ќе останата без работа со предлог измените во закон за игри на среќа, предупредуваат од асоцијацијата на спортски обложувачници.
Велат дека со барањето тие да се дислоцираат на три километри надвор од населено место се предвидува целосно затворање на оваа индустрија, а државата би изгубила над 250 милиони евра пари кои секоја година по основ на даноци се влеваат во буџетот.
Од асоцијацијата на обложувалници се согласуваат да има регулатива по која би работела оваа дејност, но не да се воведуваат ригорозни мерки што би значеле буквално затворање на обложувалниците.
Граѓаните пак контра обложувалниците. Сметаат дека ги има премногу и треба да се дислоцираат што подалеку од градот и од младите.
Предлог измените се веќе во собрание, се чека да бидат изгласани по скратена постапка.
Во земјава има околу 700 тини обложувалници кои работат активно. Најголем дел од нив се во Скопје. Просечната плата која ја добиваа вработените е околу 20 илјади денари, но од асоцијацијата велат дека има обложувалници каде примањата се и многу повисоки.