Специјалната група за коронавирус на кинеската Влада денеска соопшти дека на вработените во најважните гранки од индустријата треба да им се пружи помош да се вратат на работа што е можно поскоро, за да го продолжат производството на основните животни намирници и санитетски материјали, пренесе државната телевизија ЦЦТВ.
Производството е нарушено заради епидемијата на коронавурус, а специјалната група наведе дека работниците треба да се враќаат на своите работни места во серии, а не сите одеднаш, за да се намали ризикот од инфекција.
Специјалната група, исто така, на железниците, авиокомпаниите и остатокот од јавниот превоз им нареди да го координираат својот пристап и да го минимизираат ризикот од пренесување на болеста, пренесоа британските медиуми.