Тимот Мерцедес од Формула 1 покажа некои од карактеристиките на својот нов автомобил „В11″ на социјалните медиуми.
Автомобилот ќе биде промовиран на 14 февруари во патеката „Силверстон”, каде ќе има и „шејкдаун”.
First look ✨✨✨👀 pic.twitter.com/g6SLmhdFL8
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 7, 2020
На една од објавите е прикажан дел од хаубата која е во темно сива боја со бројот 44 на Луис Хамилтон и sвездите на Мерцедес. Едната од нив е црвена во сеќавање на Ники Лауда, кој почина минатата година.
Други видеа го содржат името на главниот спонзор „Петронас”, како и дизајнот и поставувањето на логото на Мерцедес на носот на автомобилот.