Тајландските специјалци го убија војникот што уби 26 и рани уште 52 лица

Тајланските безбедносни сили ноќеска го убиле војникот Џакрапанту Тома, кој во убиствениот поход низ градот Након Рачесима уби 26, а рани уште 52 лица, соопштија тајланските власти.

Тајландскиот министер за здравство, Анутин Чарнивиракул, потврди дека војникот е убиен во трговскиот центар „Терминал 21“, пренесоа британските медиуми.

„И благодариме на полицијата што ја заврши оваа ситуација. Напаѓачот е убиен!“, наведе министерот на Фејсбук, што подоцна беше потврдено и од војската и од полицијата.

Полицијата дефинитивно потврди дека избезубениот војник бил 32-годишниот Џакрапанту Тома.

Нападот почна вчера околу 15 часот по локално време, кога војникот почнал да пука во една куќа, пред за замине во воениот камп, а потоа и во трговскиот центар, објавувајќи за сето време пораки и слики на Фејсбук.

-Наредникот Џакрапанта Тома прво го убил својот претпоставен старешина и уште две лица, па украл оружје од воениот камп, изјави портпаролот на Министерството за одбрана за Би-Би-Си.

Американските медиуми пренесуваат дека мотивот за нападот бил спор околу земјиште, oдносно убиецот сметал дека е измамен и не сакал да попушти.

Треба да знаете
Последни објави