Европскиот шампион Арманд Дуплантис постави нов апсолутен светски рекорд во скок со стап на Светското првенство во сала.
Швеѓанецот прескокна 6,17 метри на првенството во Торун, Полска и го сруши рекордот на Французинот Рено Лавиление од 6,16 метри поставен во февруари 2014 година.
„Ова е нешто што го сакав уште кога имав три години. Ова ќе биде голема година, но одлично ја почнав“, изјави 20-годишниот атлетичар.
Дуплантис е акуелен европски шампион на отворено од Берлин 2018, како и светски вицешампион од првенството во Доха, а најдобар резултат на отворено му е 6,05 од Берлин 2018 година.
https://youtu.be/xxVpfZYwsDg