На 08.02.2020 околу 21,00 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од полициски службеници било сопрено товарно моторно возило „ДАФ“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки управувано од С.Н.(38) од Радовиш.
При преглед на возилото биле пронајдени 26 мигранти, сите од Бангладеш, од кои осум биле малолетници.
Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка, а потоа мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.