Мажите и жените во Македонија се еднакви и имаат еднакви шанси за професионален напредок.
Повеќе од половина од граѓаните анкетирани во последното истражување на јавното мислење
спроведено од Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 54% од граѓаните се на
став дека мажите и жените се рамноправни и имаат еднакви можности за професионален
напредок, додека 32% имаат спротивно мислење.
Анализата на одговорите и нивната родовата структура покажуваат дека кај жените ставовите се
поделени односно, 44,5% мислат дека жените и мажите се рамноправни додека 41,6% имаат
спротивно мислење. Кај мажите ставовите се значително подиференцирани. 65,7% мажи сметаат
дека во земјава постои родова рамноправност кој овозможува еднакви права за професионален
напредок додека 22,1% имаат спротивно мислење.
49,5% од анкетираните сметаат дека има родова дискриминација при вработување, додека 40,6%
мислат дека нема. Кај младите до 29 години ситуацијата е поразлична. Меѓу нив, 64,9% сметаат
дека постои родова дискриминација при вработување, додека само 28,1% имаат спротивно
мислење.
Точно половина од анкетираните сметаат дека во Македонија, мажите и жените на исто работно
место земаат иста плата. 30,8% сметаат дека мажите се платени повеќе, додека само 4,6% сметаат
дека повеќе пари земаат жените. 57,8% од мажите и 42,4% од жените сметаат дека во земјава
мажите и жените на исти работни места земаат иста плата. 38,4% жени и 23,1% мажи се на став
дека мажите земаат повеќе плата за исто работно место, додека само 5,6% мажи и 3,6% жени
мислат дека за исто работно место повеќе се патени жените.
49% од анкетираните сметаат дека мажите и жените се рамноправни во јавниот сектор додека
34,1% го тврдат спротивното.
61,1% од граѓаните се на ставот дека жените почесто се жртви на мобинг, а само 7,1% мислат дека
мажите почесто се соочуваат со овој проблем. 31,8% од анкетираните немаат одговор на ова
прашање.
61,2% од анкетираните велат дека при интервју за работа ниту тие ниту некоја женска личност која
ја познаваат не биле прашани дали планираат да имаат деца. За разлика од нив, 26,5% од
анкетираните велат дека ова прашање сепак им било поставено. 69,6% од анкетираните велат
дека не познаваат некој кој бил отпуштен од работа поради бременост, иако има 18,5% од
граѓаните кои сепак познаваат некоја жена која останала без работа поради бременоста.
58,8% од анкетираните сметаат дека е фер и во интерес на детето, праксата во случај на развод
старателството да го добие мајката, додека 23,6% го мислат спротивното.
Дури 71,5% жени сметаат дека е во интерес на детето старателството да го добие мајката, а со тоа
се согласуваат 45,8% од анкетираните мажи. Во спротивното се убедени 32,2% мажи и само 14,4%
жени.
45,9% од анкетираните сметаат дека во политиката треба да има позитивна дискриминација за да
се зголеми бројот на жени, додека 36,7% се против позитивната дискриминација.
Мнозинството анкетирани или 46,7% сметаат дека во политиката и сега има доволно жени,
додека 41,7% се на ставот дека нивниот број треба да се зголеми.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања
Скопје врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници во периодот од 28 до 31 јануари
годинава со маргина на грешка од плус-минус 3%.