Израел го блокираше палестинскиот извоз, ексалира трговската војна

Израелската војска денеска го блокираше палестинскиот извоз на земјоделски производи, што доведе до ескалација на трговската војна, која трае веќе еден месец.

По инструкции на израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет, војската соопшти дека не може да им дозволи на Палестинците да ги пренесат своите производи преку својот копнен премин кон Јордан, што е единствената директна извозна рута на Западниот Брег кон надворешниот свет.

Палестинската власт соопшти дека израелските сили на контролните пунктови ја блокирале испорака на зеленчук кон странство.

Министерството за земјоделство соопшти дека извозот на зеленчук во Израел достигна 88 милиони американски долари минатата година и претставува 68 отсто од вкупниот извоз на зеленчук.

Кризата изби во септември минатата година, кога Палестинците решија да престанат со увоз на говедско месо од Израел. Палестинската управа соопшти дека повеќето од 120.000 говеда што Палестинците ги увезувале месечно од Израел, претходно биле увезени во таа земја и оти подобро им било да ги увезуваат директно од странство.

Одговорот од Израел беше забрана на увоз на палестински производи, што ги натера Палестинците да го прошират бојкотот и запреа со увоз на израелски зеленчук, овошје, пијалаци и минерална вода.

Треба да знаете
Последни објави