Минесота ги декласираше Клиперси и ја прекина серијата од 13 порази

Кошаркарите на Минесота ги совладаа фаворитите Лос Анџелес Клиперс со 142:115 и со тоа ја прекинаа серијата од 13 последователни порази во НБА лигата.

Џејмс Меклахин ги предводеше „волците” со 24 поени и 11 асистенции, Малик Бизли постигна 23 поени и 10 скокови, додека Карл-Ентони Таунс беше на асистенција од „трипл-дабл” – 22 поени, 13 скокови и 9 асистенции.

Кај Клиперси, најдобри беа Каваи Леонард со 29 поени и Пол Џорџ со 21, но тоа не беше доволно да го избегнат високиот пораз.

Далас Маверикс без двете најголеми ѕвезди Дончиќ и Позингис победи на гости кај Шарлот, Торонто ја продолжи добрата серија.

Дончиќи Позингис поради повреди не беа во составот на Далас, но тоа не им пречеше на Маверикс да дојдат до гостински триумф кај Шарлот 116:100. Сет Кари кај гостите и Дивонте Грем кај домашните беа најефикасни со по 26 поени. Оваа победа за Далас доаѓа по два последователни порази.

Малку фалеше Бруклин да им ја прекине одличната серија на Торонто, но сепак немаа сили за изненадување. Најефикасен беше Карис ЛеВерт од таборот на гостите кој запиша 37 поени, додека кај домаќините Фред ВанВлит беше најдобар со 29 поени.

Резултати во НБА

Орландо – Милвоки – 95: 112
Шарлот – Далас – 100: 116
Детроит – Њујорк – 92:95
Индијана – Њу Орлеанс – 117: 124
Торонто – Бруклин – 119: 118
Минесота – Л.А. Клиперс – 142: 115
Л.А. Лејкерс – Голден Стејт – 125: 120
Феникс – Денвер – 108: 117
Сакраменто – Сан Антонио – 122: 102

Треба да знаете
Последни објави