Северна Македонија е сјајниот пример во регионот како да се заштити демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и како да се направи историска промена, порача словенечката европарламентарка од социјал-демократската група, Тања Фајон, по отворањето на меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ”.
– Во октомври беше направена историска грешка и државата и граѓаните сега заслужуваат да почнат пристапни преговори со ЕУ. Владата на Зоран Заев во последните две години направи огромен напредок за земјата, како во однос на социјалните и економски прашања, така и на патот кон ЕУ, изјави Фајон.
Потребни се, подвлече Фајон, вакви прогресивни сили за да ја одбраниме демократијата и владеењето на правото и во нашите држави.
– Гледаме многу знаци на заробени држави и медиуми во нашиот регион и мора да ги одбраниме. Затоа е многу важно Северна Македонија и Албанија ги отворат заслужените преговори, изјави Фајон.