„Доцна вечерва на седница на Владата се изгласа предлог текст на законот за Jавно обвинителство. На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот кој беше направен во последните три години“, напиша на Фјсбук техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Според него, во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско.
„Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ. Носење на системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група на луѓе“, вели Чулев.