Едно лице го загуби животот, откако поради силниот ветер врз неговиот автомобил падна дрво. Несреќата се случи утрово на патот Дравоград – Марибор во близина на местото Подвелки, јави диписникот на МИА од Љубљана.
По несреќата, полицијата го затвори за сообраќај целиот патен правец.
Поради силниот ветер цела Словенија од денес е во “портокалова фаза”. Агенцијата за животна средина го издаде предупредувањето по информацијата на метеоролошките служби, дека во некои делови од државата ветерот денес ќе достигне брзина и до 120 километри на час.