Вискостручен тим меѓунардини експерти, предводен од претставници на Светската здравствена организација (СЗО), синоќа отпатува за Пекинг за да помогне во истражувањата поврзани со епидемијата на коронавирусот.
Извршниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус, на Твитер напиша дека тимот стручњаци, предводен од ветеранот на СЗО, канадскиот епидемиолог, Брус Ајлвардо, тргнаа за Пекинг, пренесоа британските медиуми.
Според последните, вчерашни, официјални податоци на кинеската Национална здравствена комисија, бројот на починати од коронаворус во Кина го надмина оној на починатите од САРС во епидемијата од 2002-2003 година.